Само непрофитни организации од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Англија, Франција, Германија,Унгарија, Ирска, Италија, Казахстан, Mакедонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Украина имаат право да се пријавуваат за грантот на Meet and Code. Сите доставени идеи за настан за дигитализирање и програмирање треба да се планираат во рамки на инструкциите на Неделата за програмирање на ЕУ (06 дo 21 октомври 2018), треба да се вклучат децата и младите на возраст од 8 дo 24, и мора да се бесплатни за учесниците. Повеќе детали во делот „ Критериуми за финансирање за избор на доставени идеи за проект “.
SAP, Германска добротворна организација Haus des Stiftens gGmbH и одредените партнери од земјите членки на мрежата TechSoup Europe се во позадина на иницијативата Meet and Code.
Иницијативата е финансирана од SAP. Непрофитната организација Haus des Stiftens GmbH ја разви иницијативата и е одговорна за избор на проекти кои ќе бидат финансирани во Германија, Австрија, и Швајцарија, како и фондови кои се достапни преку SAP за препраќање (во понатамошниот текст „SAP фондови“). Дополнително, Haus des Stiftens gGmbH ги координира финансиите на проектот преку партнерите во соодветните земји партнери на мрежата TechSoup Europe одговорна за останатите земји. Иницијативата е исто така поддржана од разни посветени спонзори.
Проекти ( во понтамошниот текст наведени како „идеи за настан“ ) може да се достават преку формуларот за пријавување на веб-страницата www.meet-and-code.org. Идеи за настан може да се доставуваат од организации кои имаат статус непрофитен во нивната земја.
Овластените претставници на организацијата мора да обезбедат детали за нивната организација и да внесат детален опис на идејата за настанот и деталите за контакт. Секоја организација има право да достави повеќе од една идеја за настан, доколку вклучува значително различни проекти.
Непрофитните организации може да достават идеи за настан помеѓу 04.06.2018 и 15.09.2018 заклучно. Одредувачки фактор кој овозможува евалуација на идеи од локален партнер е комплетноста на обезбедните детали и доставување на документите до пријавуавњето .
Секоја идеја за настан ќе биде евалуирана од Haus des Stiftens GmbH или, според применливото, партнерот на TechSoup Europe мрежата. По четири недели претставниците од организацијата ќе бидат известени преку и -мејл дали поднесената идеја ќе биде финансирана или не.
Доколку идејата се одбие , локалниот партнер на TechSoup Europe partner може - на барање на непрофитната организација - со одговорното лице да ја сподели причината за одбивање. Организациајта може да достави идеи откако ќе ги ревидира забелешките. Доколку повторно биде одбиен, идејата не може повторно да се достави.
Секој одобрена и спонзорирана идеја за насѕан автоматски ќе биде објавена на веб-страницата www.meet-and-code.org и истата ќе биде видлива за сите корисници.
Финансиранта идеја за настан мора да се случи во тек на Неделата за програмирање на ЕУ, од 6 до 21 октомври 2018 год.
Секоја идеја за настан која е одобрена за финансирање добива 300 € за да започне со работа. Haus des Stiftens gGmbH го задржува правото во индивидуални случаи да го зголеми или да го намали износот на финансирањето на SAP .
Следниве идеи за настан се исклучени од финансирање:
Секоја финансирана непрофитна организација е обврзана да подготви краток извештај и истиот да го достави во тек на два дена откако ќе се случи настанот. Одредениот претставник од организацијата мора да го стори ова преку формуларот на следнава веб-страница www.meet-and-code.org.
Извештајот треба минимално да ги содржи следниве информации:
Кога се обезбедува информативен материјал, особено слики и видеа, организациите се обврзани да ги почитуваат применливите закони и да ги изземат Haus des Stiftens gGmbH и партнерите од сите тврдења од трети страни, на пример поради кршење на авторски права, права на трговски марки, други права на инсдустриска сопственост или други права и да ги обештетат во оваа насока. Може да се барааи изјави за согласност за да се зачуваат правата на приватност да луѓето кои се избрани ( особено во случај на малолетници со потпис на нивните родители).
Дополнително, финансираните непрофитни организации треба да изведат истражување за мерење на влијанието меѓу учесниците во нивните настани. На организациите ќе им се обезбеди анкета на веб-страницата website www.meet-and-code.org.
Организациите фианнсирани од Германија, Австрија и Швајцарија мора на Haus des Stiftens gGmbH да му обезбедат потврда во однос на добиената донација под иницијативата Meet and Code. Организациите финансирани од другите земји може и да не треба да достават посебен формулар до одредените партнери од земјите на ТechSoup Europe мрежата на кој ќе ја потврдат ниванта донација.
Потврдите за донациите мора да ги подготват финансираните непрофитни организации во тек на 14 дена од завршување на настанот, евалуацијата мора да биде подготвена од финансираната непрофитна организација во тек на 48 часа од завршување на настанот.
Оваа година, SAP со задоволство ќе ги награди најдобрите идеи за настан од земјите учеснички како дел од Meet and Code 2018 иницијативата. Учеството е волунтерско и треба да се почитуваат следниве услови:
Настаните на Meet and Code кои бараат решавање на ИТ проблем со фудбал или го користат фудбалот како тема за да го доближаат програмирањето до децата. Ние бараме настани кои ги поврзуваат овие две теми на креативен и корисен начин со цел да се достигне целната група и да се доближат до светот на програмирањето и на ИТ.
Настаните на Meet and Code развиваат или промовираат креативни наставни методи и/или истражуваат тековни ИТ дигитални теми. Ние бараме настани кои на иновативен начин досегнуваат до целната група и ја поврзвуваат со темите поврзани со ИТ како и со настани кои избираат иноватни, ориентирани кон иднината и нападни технологии како IoT, Blockchain, AI, 3D printing, итн.
Настаните Meet and Code кои користат ИТ или други дигитални теми за да ги упатат и намалат нееднаквостите присутни во нивните заедници или воопшто во општеството. Ние бараме настани кои ги зголемуваат еднаквите можности, промовираат толеранција и ги укинуваат нееднаквостите базирани на пол, раса, религија, попречености, општествен и економски статус итн.
Во првиот круг, настаните се натпреваруваат едни против други на национално ниво. Во секоја земја, два настани по категорија ќе се квалификуваат за следниот круг. Квалификацијата се одвива на два начина: еден настан се избира преку јавно гласање, а другиот настан се избира од партнерот управувач на земјата.
Гласање
Гласањето ќе биде на веб страниците на Meet and Code. Организациите ќе ги собираат гласовите со тоа што луѓето ќе гласаат за нивниот настан. За да се пресмета глас, ќе треба да се внесе имејл адресата и истата да се потврди. Од секоја имејл адреса може да се гласа само еднаш. Само настанот со највисок број на настани ќе се квалификува за вториот круг.
Организациите може да користат онлајн и офлајн комуникациски канали за да привлечат внимание на нивните настани и да ги поттикнат луѓето да гласаат за нив
Партнерот управувач на земјата од мрежата TechSoup Europe ќе избере еден настан за категорија за да се квалификува за вториот круг.
Сите настани кои се квалификувани ќе бидат подготвени и презентирани на комисијата за вреднување. Комисијата ќе избере пет победници за категорија според определената процедура за избор.
Со цел да се зајакне идета на Meet and Code, организациите се обврзани да го користат логото на Meet and Code во нивните односи со јавност и активности поврзани со спонзорираните настани. Коректната употреба на логото е објаснета во инструкции за стилот (следи линк). Употребата на логото мора да биде документиарана преку имејл на info@meet-and-code.org
Дополнително, ние ги поттиклнуваме организациите да користат хаштаг на иницијативата: #meetandcode2018 во нивната комуникација на социјалните мрежи. Meet and Code ќе обезбедат ѕид на социјални медиум на кој ќе бидат наведени сите постирања во кои е споменат хештагот и ќе го презентират на веб страницата на Meet and Code.
Meet and Code се одржува во тек на Неделата на програмирање на ЕУ има за цел зајакнување на оваа иницијатива низ цела Европа. Поради тоа, ние ги поттикнуваме сите финансирани непрофитни организации исто така да ги пријават нивните Meet and Code настани на веб страницата на „EU Code Week„.
Непрофитната организација која доставува идеја за настан е одговорна за водење на проектот. Партнерите на иницијативата на ниту еден начин не преземаат одговорност во однос на проектот и неговата реализација. Партнерите во иницијативата не се одговорни за било каква штета, загуба, повреда или недоволна изведба која ќе ја направат учесниците, трети страни или правни субјекти поради регистрирањето или реализацијата на проектот. Ниту партнерите во иницијативата не се одговорни за правните обврски на учесниците за или поради изведбата на проектот, без разлика дали обврските се поврзани со ресурсите за финансирање или не.
Партнерите во иницијативата не се одговорни за штетите на компјутерите во врска со или поради учество или симнување материјали повразни со иницијативата Meet and Code.
Доколку во тек на проектот не се материјализираат или заостануваат фондови по реализацијата на проектот, финансирањето на SAP мора да се користи во рамките на тековната календарска година во согласност со Членовите на асоцијацијата за слични проекти (теми за програмирање). Должноста да се известува за користењето финансиски средства останува на сила.